Ванковска ја прифати поканата да гостува во поткастот на Стефан Лазаров

Во недела, проф. Билјана Ванковска, кандидатот на Левица на претстојните претседателски избори ќе гостува во најгледаниот поткаст во Македонија – Лазаров поткаст.

-Професорката Билјана Ванковска денес одвои 1 час да испиеме едно кафе, а на мое огромно задоволство прифати да биде моја гостинка во Лазаров поткаст, објави на социјалните мрежи Стефан Лазаров.

Се гледаме на 24.03 (недела) со почеток од 20:00 часот, додаде тој.