(Видео) Пратеничка од СДСМ одлучи да се претстави по речиси две години поминати во собранието

Пратеничката од владејачкото мнозинство и редовите на СДСМ Марија Георгиевска, иако својот мандат во Собранието на Република Македонија го поседува по Парламентарните избори одржани во 2020, таа одлучи да застане на парламентарната говорница дури во 2022 година и да се претстави пред пратениците.

По речиси две години поминати во Собрание, ни повеќе ни помалку, во говорот (како што вели пратеничката „со поента“) одржан пред пратениците, таа го кажа своето име и презиме, како и имињата и презимињата на своите родители и дедовци.

Јас сум Марија Георгиевска ќерка на Божидар и на Трајанка. Внука по татко на Димко и на Маца од Алимасковци. Внука (бидете љубезни имам поента во говорот) на Пеко и Илинка од Пегорци.