Конкурс за литературна дејност

На својата фејсбук страна Културно Информативниот Центар објави:

ЈУ Културно Информативен Центар – Скопје, врз основа на програмата за литературна дејност, објавува конкурс за организирањe литературни вечери под програмски наслов „Македонски книжевни текови“, под кои спаѓаат промоции на книги (новосоздадени книги во 2023 година), поетски читања, организирање на трибини, јавни расправи, фестивали, портрети на писатели, стручни работилници и сл., што ќе се реализираат во текот на 2023 годиина, a сo цел развој и афирмација на литературата и издавачката дејност во Република Македонија.

Право на учество имаат сите заинтересирани писатели, поети, издавачи, поединци или групи. Заинтересираните на еден ворд документ да достават сосема кус концепт за проектот, куса биографија и контакт информации. Апликацијата да се достави на e-mail-от literaturna@kic.mk, а конкурсот трае до 10 февруари 2023 година.

Селекцијата на проектите ќе го изврши комисија составена од членови на ЈУ КИЦ – Скопје и Град Скопје. Средствата за проектите се обезбедени од Град Скопје.