(Видео) Левица: Каприцот на Данела и Мицкоски ги победи скопјани
Хировите на Мицкоски и Данела поради неисполнети бизнис дилови – го колабираа Скопје и ги оставија граѓаните без основните јавни услуги за нормално секојдневие!
ДПМНЕ, на чело со Данела Арсовска, во 2021 година на скопјани им ветуваа модерно Скопје, за сега, како резултат на незаситените апетити и политички калкулации, самите тие истата програма грубо да ја газат.
Раководството и советниците на ДПМНЕ, во крајно лицемерно издание, целосно ја апстрахираат одговорноста од нив додека тие се примарната причина за овој хаос. ДПМНЕ преку советниците од нивните редови во Советот на град Скопје упорно и исклучиво се залагаат за одмазда поради неостварените лични и партиски интереси, па така, веќе трета година одбиваат да гласаат за нови автобуси и санирање на неподносливата состојба во Скопје. Дополнително, ДПМНЕ како мнозинство во управните и надзорните одбори во градските претпријатија, активно и намерно ги саботира истите со цел постигнување на оваа неиздржливост.
Скопјани не смеат да ја заборават и простат ГОЛГОТАТА која им ја сервираа Мицкоски и неговиот кандидат за кој гарантираше дека е врвен менаџер и синоним за умешност и посветеност.
На граѓаните веќе им е јасно дека Левица како гласноговорник на јавниот интерес е единствен политички субјект кој е на страна на народот. Советниците од Левица во град Скопје, три години преку константни говори предупредуваше на овој колапс, но советниците од останатите политички партии, со целосно неемпатичен пристап, одбија да се повлечат од нивниот каприц.
Овие политички безмилосници коишто со децении му создаваат сѐ потешки услови на населението, конечно ќе се соочат со одговорност приредена од народот на наредните локални избори, соопштија од партијата.