АктуелноИнтернационално

Споменик југословенските партизани отворен во Русија

Споменик на партизаните на Југославија отворен кај Главниот храм на Вооружените Сили на Руската Федерација

Скулптура „Сојузници. Партизаните на Југославија“ го претставува состанокот на сојузничките сили на Југославија, имено партизаните и советскиот тенковски екипаж. Скулптурата го симболизира пријателството, меѓусебната помош и победата во Втората светска војна, ослободувањето на Југославија од окупацијата на нацистичката Германија.

Во говорот на Заменик-министерот за одбрана на Руската Федерација, генерал полковник Виктор Горемикин кажа:

„Голема улога во поразот на нацистичката Германија одиграа партизаните на Југославија, кои пренасочија значајни сили на Вермахт од Источниот фронт. <…> Денешниот настан е почит на подвигот на сојузниците на СССР.

… Уверен сум дека овие скулпторски композиции ќе придонесат за зачувување на историската меморија и вистината за настаните од Втората светска војна…“

На свеченото отворање присуствуваа замениците министри за одбрана на Руската Федерација, генерал полковник Виктор Горемикин и генерал полковник Александар Фомин, министерот за национална одбрана на виетнамската армија генерал Фан Ван Гианг, заменик-премиерот на Србија Александар Вулин, ќерка на пилотот на Нормандија – Воздушен полк Неман, Хероа Советскиот Сојуз Роланд де ла Пуап – Изабел де ла Поип, претставници на централните воени власти на Министерството за одбрана на Руската Федерација, серуското детско и младинско воено-патриотско јавно движење „ЈУНАРМИЈА“ , едукативно-методолошкиот центар Авангард, членови на странски делегации и почесни гости.

Потсетуваме дека низ територијата на Руската Федерација, како и земјите од останатите Советски Републики има голем број на споменици посветени на Југословенската Народна Армија.