Уапсени 2.000 лица на протестите во Венецуела, Мадуро најавува најстроги казни
Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, кој според официјалните резултати од изборите одржани на 28 јули доби трет мандат, изјави дека околу 2.000 лица биле уапсени за учество во протестите на опозицијата, која тврди дека изборите биле украдени.
Мадуро во саботата во обраќањето пред приврзаниците во Каркас рече дека уапсените ќе бидат осудени на максимална казна, објави Гардијан.
Според различни извештаи, меѓу 10 и 20 лица загинале во судирите со полицијата на протестите по изборите.
Мадуро, најави „максимални казни“ за антивладините демонстранти кои велат дека неговиот реизбор бил наместен.
Државната изборна комисија објави дека Мадуро победил на изборите со 52 отсто од гласовите.