НР Кина е спремна да биде посредник во преговори помеѓу Палестина и Израел

Кинескиот министер за надворешни работи им предложи на своите колеги од Израел и Палесина дека неговата земја е подготвена да помогне во олеснувањето на мировните преговори.

Телефонските повици меѓу кинескиот Mинистер за надворешни работи и највисоките дипломати од Израел и Палестина дојдоа во период кога Пекинг се позиционира како регионален посредник. Разговорите доаѓаат во време на зголемени тензии во Израел. Судирите во џамијата Ал Акса во Ерусалим претходно овој месец наидоа на осуда од арапските земји од целиот регион. Саудиска Арабија, со која Израел се надева на нормализирање на односите, рече дека израелската „бура“ на Ал Акса ги поткопа мировните напори.

Чин Ганг повика на „чекори за продолжување на мировните преговори“ и рече дека „НР Кина е подготвена да обезбеди можности за преговори“.

НР Кина неодамна беше во дипломатска офанзива, која заврши со обновени односи помеѓу ИР Иран и Саудиска Арабија – ривали во регионот, каде што САД беа главниот дипломатски посредник со децении.

Потсетуваме дека Израелско-палестинските мировни преговори се во застој од 2014 година.