АктуелноЛокално

Јанчев: Процедурите во собранието повторно се прекршени – Работата е башибозлук

  • Процедурално обраќање на пратеникот Сашко ЈАНЧЕВ по однос на новото прекршување на деловникот од страна на владејачката коалиција:

„Ова со решенијата за свикување Седници, предлози дневен ред и материјали за дневен ред, е каша попара цело време. Како да не постои Деловник! – Ете така ни функционира Собранието.

Прво прекршување е во член 74 став 1. Ние материјали добивме четири работни дена пред седница, а потребно е десет, тоа е прво прекршување.

Добивме еден чуден документ на ден пред од одржување на Седницата. Не знам каков е овој документ, тоа е некое известување за дополнет дневен ред. Деловникот на Собранието не познава дополнет дневен ред ниту пак известување за дополнет дневен ред. И овој документ е непостоечки и невалиден.

Друго прекршување на член 76, затоа што таков предлог за внесување на точки на дневен ред може да предложат само пратеник или влада. Во овој непостоечки документ имаме 4 точки поднесени од неовластен предлагач

Се на се, работата е башибозлук!“