Освежени спомен-плочите на паднатите борци од НОБ во Охрид
- Соопштение на Левица-Охрид
Деновиве активисти на Локалниот огранок на Левица во Охрид работат на освежување на спомен – плочите на паднатите борци, кои своите млади животи ги дадоа за ослободување на Охрид од бугарскиот фашистички окупатор за време на НОБ.
Левица, како единствена партија чија програма се темели врз основа на начелата и принципите на АСНОМ секогаш ќе се бори за зачувување на споменот на борците против фашизмот, кои борејќи се за слободата на македонскиот народ, своите млади животи ги положија на одарот на слободата.
,, ЦУТОТ НА ЕДНА МЛАДОСТ, КОЈ РАСТЕШЕ И ЖИВЕЕШЕ СО НАС, КОЈ СЕ РАДУВАШЕ И ТАГУВАШЕ СО НАС…ПАДНА ЗА ОНА ШТО МЕЧТАЕШЕ – СЛОБОДАТА НА СВОЈОТ НАРОД.”
НЕКА ИМ Е ВЕЧНА СЛАВА !
АСНОМ ЖИВЕЕ!