АктуелноЛокално

Дивоградбите на новиот заменик градоначалник и неговата фамилија!!!

  • Соопштение на Левица-Прилеп

Почитувани сограѓани,

Сакаме да ве известиме и вооедно да ви ги отвориме очите за тоа кој е вториот човек на градот.

Со оглед дека градоначалникот го поставува за свој заменик, јасно е до кое ниво е заминато во неповрат нормалното управување и доброто за сите нас како граѓани на Прилеп.

Скоро назначениот заменик градоначалник, има извршно решение за уривање на дива доградба на неговиот постоечки објект веќе од 2018 година, но ни на повидок нема решение за скоро извршување.

Исто така, неговата сестра исто има решение за уривање на безправно изграден објект уште од 2019 година, но и двете стојат во нечија фиока, додека скромните домови на сиромашните граѓани, од страв да не бидат оштетени, со години чекаат да доградат 20 квадрати соба за живеење.

До локалните избори во 2021 година, најверојатно ги штитат структурите на сдс, а сега, како награда дпмне го поставува за заменик градоначалник.

Го прашуваме градоначалникот и воедно неговиот заменик градоначалник, дали ќе постапуваат по овие решенија за безправно доградени или изградени објекти кои со години функционираат и никој не им можи ништо!?

Каде е тука правдата за народот !?

Срам за градот и нас како граѓани што дозволуваме вакви личности да раководат со нашите пари !

Во прилог документација од извршните решенија за уривање и против законското уништување на куќата, која што од Музеј на град Прилеп е прогласена за културно наследство !!!