Како албанската мафија го освои пазарот на кокаин во Велика Британија (Прв дел)

  • Албанската мафија успеа да заземе видно место во криминалниот пејзаж на Обединетото Кралство во снабдувањето со кокаин на други криминални синдикати во земјата.

Петнаесет години тие учат од своите господари, еволуирајќи од шверцери во барани добавувачи на дрога, избегнувајќи насилство како би се потпреле на создавање силна мрежа на сојузи. Ова е „модус операнди“ на албанските криминални организации, кои, според Националната Агенција за Криминал (NCA)и британската агенција за национална безбедност, управуваат со голем дел од пазарот на кокаин во земјата, или вкупно околу шест милијарди фунти според британското Министерство за Внатрешни Работи. Според „НСА“, албанските криминални групи, исто така, го фаворизирале создавањето на таканаречените „окружни линии“; капиларни мрежи кои се користејки ги за преместување на дрогата која се движи низ Обединетото Кралство, пренесувајќи дрога од големите градови во крајбрежјето и внатрешните провинции. Овие комерцијални рути не ги користат само албанските криминални групи, туку и локални и странски. Само во текот на октомври 2021 година, полицијата изврши серија рации кои доведоа до апсење на 1.468 лица низ целата територија, запленувајќи дрога и готовина во вредност од повеќе од 2 милиони фунти и конфискуван арсенал од 49 пиштоли.

Според владините податоци, организираниот криминал теж околу 37 милијарди фунти секоја година според националната економија на Обединетот Кралство. Како и да е, оваа бројка само делумно го отсликува феноменот, бидејќи не ги зема предвид парите што се испрани и пренесени во легалната економија преку продажба на низа стоки.

Но, како албанската мафија успеа да освои видно место во криминалниот пејзаж во Обединетото Кралство? Историјата на нивното населување може да се проследи до 1990-тите и често се поврзува со војната во Косово; конфликт во кој над 1 милион луѓе беа раселени помеѓу 1998 и 1999 година. Стотици илјади Косовари ја напуштија земјата и побараа засолниште во соседните и европските земји; а големо мнозинство се населило во Тирана, Албанија. Сепак, според британските истражители, во текот на тие години многу од бегалците кои стигнале до британската граница барајќи азил, албански државјани кои се идентификувале како Косовари за да добијат преференцијален третман за добредојде.

Денеска нема точна бројка на албански државјани кои живеат во Обединетото Кралство. Во 2019 година, националниот завод за статистика објави груба проценка: тврдејќи дека околу 47.000 Албанци живеат во земјата и 29.000 Косовари. Сепак, според базите на податоци на британската влада, само во пандемиската годна, 3.071 граѓанин со албанско потекло побарале политички азил во земјата.

„Она што тие го направија е создавање на сателитска заедница на албански јазик во Обединетото Кралство, паралелна со онаа формирана во другите соседни држави, како што се во скандинавските земји по косовската криза“, вели за Ирпи Медија – Тони Сагерс, поранешен раководител на одделот за борба против дрога на Националната Агенција за Криминал. Од таквите сателитски заедници, албанските криминални групи потоа почнаа да регрутираат нови сограѓани меѓу новодојдените во Обединетот Кралство кои се соочуваа со социјална маргинализација и се бореа со економските ресурси кои се експлоатираат во земјоделскиот, градежниот или индустрискиот сектор. Кокаинот, проституцијата и трговијата со луѓе се недозволените бизниси кои им помогнаа на „босовте“ од Тирана да ги изградат своите империи.

Лошата стратегија за кокаинот

„Албанските криминални групи трпеливо се збогатија. Типичен британски дилер на дрога сака да заработи што е можно побрзо и по секоја цена“, објаснува Тони Сагерс. „Наместо тоа, албанските криминални групи дознаа дека профитните маржи се доволно високи за да им овозможат да ги преполоват цените на супстанцијата при продажба, без да го намалат квалитетот“.

Нарко пазарот во Обединетото Кралство е еден од најпросперитетните во Европа. Пред пандемијата генерираше околу 30 милијарди евра профит. Огромна сума до која секоја криминална група сака да ја достигне. Пред десетина години еден килограм кокаин се продаваше за околу 40.000 евра; додека во годините непосредно пред Ковид-19 цената исто така паднала под 30.000 евра. Албанските организации ги принудија своите конкуренти да се прилагодат на новите цени за да не ги губат позиции на пазарот. Нивниот профит потоа се зголеми кога почнаа да гледаат кон Латинска Америка, каде што и покрај историската доминација на „брокерите од Ндрангета“, најдоа контакти и можности.

Албанските граѓани на врвот на криминалниот пејзаж успеаја да се населат во Колумбија, Еквадор, Перу и Панама. Оние кои можат да купат кокаин по 4 илјади долари за килограм во Јужна Америка, потоа го продаваат за 30 илјади евра откако ќе стигне до европските пристаништа, помогнати од густата мрежа на корумпирани пристанишни службеници и оператори во најважните поморски трговски центри во Европа.

Особено во Ротердам, Антверпен и Алгесирас, албанската мафија успеа да ги постави своите соработници на клучни позиции во пристаништата, што им овозможува лесно да ги заобиколат безбедносните проверки. Сепак, операциите не се секогаш непроверени. Во април белгиската полиција успеа да пресретне и заплени пратка од 27 тони кокаин од Јужна Америка, која просечно се продава по 30.000 евра за килограм а би донела промет од над 800 милиони евра. Ова е најважната операција спроведена во историјата на земјата за борба против трговијата со дрога. Од април инспекторите се обидуваат да ги уапсат одговорните за пратките со дрога, се вод и истрага за некои албански семејства, како што пренесуваат локалните медиуми.

Транспорт на дрогата

Тони Сагерс истражуваше голем број случаи во текот на неговата кариера и беше сведок на различни генијални методи за прикривање на дрога. „Албанците обично носат кокаин скриен во производи како банани, ананас и суво овошје, но и метални или дрвени предмети. Кокаинот е податлив производ кој лесно се вади, чисти и складира откако ќе стигне во Европа“, објаснува тој.

„Компанија Бело“, албанскиот нарко картел кој заврши под објективот на истражителите на операцијата Лос Бланкос од септември 2020 година, а е активен во неколку европски земји, користеше два специфични методи за транспорт на дрога: „систем“ и „суво “, како што ги дефинираат истражителите.

Во првиот случај, потребно е да се има контејнер за ладење и подлога за товарење што може да се подигне и повторно да се завари откако ќе се сокрие кокаинот. Стоката потоа се собирала штом компанијата што го прима натоварениот контејнер ќе ја истовари стоката што е присутна во него (обично овошје или риба). Во вториот случај, пак, беше потребен едноставен контејнер, во кој стоката се внесуваше многу побрзо. Во двата случаи, товарот бил подигнуван по царинењето, надвор од пристаништето, а инволвираните компании (и таа што испраќала и таа што примала) морале на некој начин да бидат контролирани од шверцерите на дрога, или барем вторите морале да имаат безбеден пристап до магацините каде што се товари и истоварува контејнерот.

Постои уште еден метод што се чини дека се користи, а се нарекува „Рип-оф“. Стоката се товари во куфери или торби и се става зад вратите на контејнерите. Стоката потоа се собира или на море или при застанување на едно од пристаништата. Меѓутоа, во вториот случај, криминалните групи треба да имаат луѓе од доверба или соработници и во излезните и во влезните пристаништа како би ги избегнале контролите. Овој метод не бара соучесништво од компаниите вклучени во пратката, но претставува поголем ризик бидејќи е полесно пресретнат од скенерите или другите контролни системи.

Оние кои увезуваат кокаин во Обединетото Кралство обично испраќаат до холандските или германските пристаништа, но во некои случаи, пратката се испраќа директно во Обединетото Кралство. „Со текот на годините видовме употреба на јахти што се закотвуваат во текот на летната сезона, особено во пристаништата на јужниот брег на земјата. Често се случува група да одлучи да достави два тони кокаин во Ротердам и петстотини килограми во британските пристаништа каде супстанцијата ито така пристигнува и скриена во автомобилите“, објаснува Сагерс.

Овој метод не го користат само албанските криминални групи, туку и домородните групи. На 27 август 2019 година, двајца британски државјани на Ливерпул, Гери Свифт (53) и Скот Килгур (41) беа пресретнати на половина милја од брегот на Велс од граничната полиција со пратка кокаин што би донела 60 милиони фунти. Во 2020 година тие беа осудени на 19 и пол години и 13 и пол години соодветно од судот во Свонси, под обвинение за увоз на околу 750 килограми премиум кокаин од Јужна Америка во Обединетото Кралство. Дрогата била сокриена во Си Атревидо, јахта купена во Мајорка, Шпанија, во 2018 година, за 50.000 фунти. Во операцијата, други четири лица меѓу Ливерпул и Лафборо беа поврзани со злосторството.

Пристаништето во Ливерпул – омилено место за излегување на младите

Перење на пари

Криминалното портфолио на албанската мафија е разновидно и вклучува различни методи со кои тие ги перат своите пари. Ова го прави следењето на нивните средства многу комплицирано. „Тие ги држат добро скриени од нашите очи“, вели Сагерс. Според британските иследници, најчестиот метод што тие го користат се состои во извоз на готовина во странство, особено „дома“. За да го направат тоа, тие се потпираат на заеднички услуги за трансфер на пари како што се Moneygram или Western Union, кои го олеснуваат испраќањето пари без споделување чувствителни информации.

„Често работниците кои ја водат услугата за трансфер на пари се поткупуваат и стотици илјади фунти може да се претворат во мали количини евра кои потоа се прошверцуваат надвор од Обединетото Кралство“, објаснува Сагерс.

Но, за да инвестира пари во Јужна Америка во недвижен имот или други средства, организираниот криминал се потпира на низа професионалци кои работат на сокривање на парите.

Повторно, организацијата на Дритан Реџепи го постави стандардот. За да ги префрлат парите во Јужна Америка, меѓу другото, кинеските криминални здруженија го користеа (практика веќе забележана од самиот Сагерс) истиот метод што го користеа најважните наркосови на новата генерација на „Ндрангета“, вклучително и Џузепе Малуферу Ромео. Готовина за плаќање на стоката (кокаин) беше испратена во Европа, главно во Англија и Холандија, до лице за контакт на кинеските организации. Потоа, истата сума им била доставена на трговците со луѓе во Јужна Америка од контактите на истата организација на лице место, за одредена провизија. Плаќањето, на овој начин, се одвива без физички или електронски трансфер на пари меѓу двата континента и затоа е речиси невозможно да се следи размената; бидејќи нема финансиска трага. Сумата не излегува од одредена сметка. Тоа е систем целосно заснован на доверба, на мрежа на контакти што се протега низ целиот свет.

Неодамнешните истраги спроведени во Соединетите Американски Држави идентификуваа сличен систем што го користат мексиканските нарко дилери за перење пари заработени од продажба на кокаин во Северна Америка.

Операцијата е едноставна и е објаснета во напис на Ројтерс: картелот го идентификува кинескиот финансиски брокер кој живее во Мексико. Вториот им дава на трговците кодиран збор, телефонски број за јавување и единствен сериски број на вистинска банкнота од 1 долар. Картелот потоа му ги предава податоците на својот емисар во САД кој контактира со телефонскиот број и му го дава тајниот збор. Двајцата се среќаваат. Курирот ги добива парите, а човекот од картелот ја добива банкнотата од доларот како „потврда“. Парите на тој начин завршуваат во рацете на кинескиот курир кој ги доставува до трговец од иста националност со седиште во САД, но кој има сметка во Кина. Вториот ги задржува парите, но испраќа банкарски трансфер со еквивалентна сума на банкарска сметка обезбедена од самиот курир.

Потоа, постојат две опции за носење на парите во Мексико. Првиот вклучува плаќање на бизнисмен кој живее во латиноамериканската земја, кој потоа ќе ги промени во пезоси и ќе ги достави до посредничкиот картел. Вториот, од друга страна, вклучува купување на производи за широка потрошувачка кои потоа се извезуваат и продаваат во Мексико. Последните приходи завршуваат во џебовите на картелот.

Пополарно туристичко место во Лондон

Совршено прикривање

На улиците на Лондон и во британската заднина лесно може да се наиде на полупразни перални за автомобили. Според последните податоци што ги имал Сагерс пред да го препушти раководството за борба против дрогата на НЦА, албанските криминални организации се сопственици на стотици од нив. „Често наоѓавме шест или седум луѓе кои работат во полунапуштени бензински пумпи. Тоа е капак за перење пари, но се користи и за регрутирање на нови луѓе“, објаснува поранешниот истражител. „Ако плаќате некому под минималната плата секој ден да работи во перална за автомобили, а потоа му понудите 500 фунти за да биде курир за товар кокаин, може да го ставите во искушение“.

Верноста, големите економски ресурси, насилството и немилосрдноста кога е потребно, но и директните контакти со јужноамериканските производители покажуваат дека албанските криминални организации ги имаат вистинските вештини да се наметнат во геополитиката на организираниот криминал. Но, до каде можат да одат? Според Тони Сагерс, тоа ќе зависи и од ефектите од излегувањето на Обединетото Кралство од Европската унија. „Ако Брегзит принуди промена на трговските патишта и албанските криминални групи увезуваат директно во Обединетото Кралство без да минуваат низ другите европски центри, би можеле да видиме како корупцијата и насилството се зголемуваат во нашите поморски пристаништа, како што се случи во Белгија и Холандија, каде што во последниве години. има убиства и престрелки на улиците на Амстердам, Ротердам и Антверпен“.

Веста е превземена од irpimedia.irpi.eu