(Видео) Членовите на Левица во служба на граѓаните од Општина Бутел

  • Соопштение на Левица-Бутел

Поради неажурноста на локалната власт, членовите на локалниот огранок на Левица-Бутел со свои скромни средства поставија канти за џепен отпад на повеќе локации во Општина Бутел изминатиот викенд.

Воедно ги замолуваме одговорните редовно да ги празнат кантите со што ќе допринесеме за почиста и поубава животна околина.

Ова е мал придонес од нас но голем потсетник до локалната власт како треба да се грижиме за својата општина, изграденото да не се остава на забот на времето, туку континуирано да се одржува.