АктуелноЕУИнтернационално

Германија не сака зголемување на царините на ЕУ за кинеските електрични возила

Економската политика која САД ја наметнува на земјите од ЕУ во огромен дел од случаите се покажала како штетна по самата Унија. Ова најмногу дојде до израз преку енергетската политика која беше наметнувана, особено со воведувањето на санкциите кон Русија.

САД сега има нов главен противник, а тоа е земјата со најголем економски развој во светот НР Кина, против која води трговска војна неколку години, а сега во тоа ја вовлекува и ЕУ, последна ваква мерка пеше зголемувањето на данокот за кинеските електрични автомобили, кој го направи сами, а потоа истото го излобираа и кај ЕУ.

Со ваквата политика најразвиените земји од ЕУ не се задоволни, очигледно тие ја трпат штетата на економската војна што ја водат САД. Па така, Германската влада се обидува да ги спречи новите царини на Европската унија за кинеските електрични возила (ЕВ) или барем да ги ублажи доколку не е можно укинување, пишува Блумберг повикувајќи се на неименувани информирани извори.

Германија верува дека Европската унија ќе може да најде решение во директни преговори со Кина, изјави еден од изворите.

Берлин е убеден дека се уште има простор за договор со Пекинг за ЕВ пред тарифната одлука да стапи на сила на 4 јули и верува дека некои други членки на ЕУ го делат нејзиниот став, додаде изворот, пренесува Танјуг.