АктуелноЛокално

Левица: Средба со амбасадорката на Швајцарија

  • Соопштение на политичката партија Левица

Денес, на 3-ти јуни во ,,Струшката соба” од Собранието на Република Македонија пратениците од #Левица Реџеп Исмаил и Амар Мециновиќ остварија средба со Н.Е. Амбасадорката на Швајцарската Конфедерација Вероник Улман.

📢 На средбата се дискутираше улогата на Левица во склоп на новиот собраниски мандат како најистакната опизиција на најавеното владејачко мнозинство, но и беа потенцирани недостатоците во новиот собраниски Деловник кој ја оневозможува функционалноста на опозицијата преку интервенциите во процедурата на носење закони.

📍 Дополнително, се разговараше и за претходната и тековна соработка помеѓу двете држави во поглед на институционалното зајакнување и поддршката кон поголема функционалност на македонското Собрание.

Очекуваме оваа соработка да продолжи и да се продлабочи, како и да се остварат дополнителни средби во текот на мандатот.