АктуелноИнтернационално

Иран се простува со Претседателот Ебрахим Раиси

Илјадници луѓе се собраа во центарот на Техеран денеска за да му оддадат последна почит на иранскиот претседател Ебрахим Раиси, кој загина во хеликоптерска несреќа во неделата. Врховниот водач ајатолахот Али Хамнеи ги водеше молитвите за време на прошталната церемонија за починатиот претседател и седум други, меѓу кои и министерот за надворешни работи Хосеин Амир-Абдолахиан, кој загина во несреќата.Врховната власт на Исламската Република се поклони пред осум ковчези покриени со иранското зелено-бело-црвено знаме поставени еден до друг на Универзитетот во Техеран.

Врховниот лидер беше опкружен од водечки шиитски свештеници, членови на владата, вклучително и привремениот претседател Мохамад Мокбер, и високи членови на војската и на Револуционерната гарда. Присутни беа и политичкиот лидер на палестинското исламистичко движење Хамас Исмаил Ханија и „бројот два“ на либанскиот Хезболах, Наим Касем.

Русија, Турција и Ирак најавија дека ќе испратат претставници на погребот, но не и на ниво на шефови на држави.Мавтајќи со ирански знамиња, десетици илјади Иранци се собраа во центарот на Техеран за да му оддадат последна почит на загинатиот ирански претседател.

Денешниот ден е прогласен за државен празник и жителите на Техеран добиваа пораки на нивните телефони во кои ги повикуваат „да дојдат на погребот на маченикот“.