(Видео) Мециновиќ: Единствено Левица го почитуваше изборниот молк
На некои пријавени изнемоштени и болни лица во Куманово вчера им било ускратено правото на глас. Избирачите списоци се полни со проблеми, им се ускратува правото на глас на луѓе, додека починати лица сеуште стојат на списоците. Луѓе со постојано живеалиште во Македонија се пронајдени на списоците за дијаспората, изјави портпаролот на Левица, Амар Мециновиќ.
– Изборниот молк речиси да не важеше за никој освен за Левица. Во неколку општини и ИМ гласањето почнува подоцна, додека рекламен материјал пред ИМ е забележан во Кичевско, Чаир и Бутел. Луѓе блиски до досегашната власт прават притисоци на наши активисти, додека во Општина Долнени активисти на најголемата опозициска партија вршат притисок врз наши членови и на наши модератори им се закануваат до откази после изборите. Очекуваме да продолжат овие нерегуларности и недостатоци. Левица освен што ја менува политичката култура, туку се покажува и како фактор на демократизација на процесите – рече тој.