Мојсоска: Активистите треба да се внатре во институциите, инаку секоја борба е борба со ветерници
Јас сум Јована Мојсоска, генерален секретар на Левица и носител на листата со пратеници во ИЕ 5, се вели во промотивното видео испратено од Левица.
– Мојата младот ја одбележа активизмот, борбата за заштита на бездомни животни, борбата за студентскиот стандард, зачувување на животната средина. После извесен период сфатив дека вонинстуционалната борба е борба со ветерници. Сфатив дека активистите кои секојдневно се борат против општествените аномалии, треба да се внатре во институциите, а потпросечните и игнорантните треба да ги избркаме од институциите каде се креираат нашите животи.“ Јована Мојсоска , генерален секретар на Левица
Во програмата на Левица се предвидуваат заштитени национални подрачја и трајни забрани за лов, дефинирање на резервати и природни живеалишта, заштитени коридори;
Центри за спасување на повредени диви животни, забрана за ловење во национални паркови, ревидирање на концесии на ловишта, затворање на сите зоолошки градини освен онаа во Скопје
Се предвидува и:
Изградба на регионални прифатилишта за хуман третман на кучиња-скитници и други бездомни животни, во сите поголеми општини, под управа на докажани активисти во областа на благосостојбата на животните (animal rights activists).
Рестрикции на одгледувачници на расни кучиња (со примена на прогресивно одданочување), со цел намалување на бројот на бездомни животни.
Воведување специјални правила за посебен третман на т.н. агресивни кучиња кои се опасност по децата и луѓето.
Воведување Регистар на сопственици на домашни миленици, со електронска централна база на вградени чипови.
Доследно спроведување на Програмата „Залови-стерилизирај-вакцинирај-врати“, според утврдената динамика и во соработка со постоечките регионални стационари.
Субвенционирање на кастрации и стерилизации на животни, во зависност од материјалната состојба на сопственикот
Подобрување на работата на инспекциските служби и унапредување на меѓуресорската соработка помеѓу инволвираните субјекти (Агенција за храна и ветеринарство, ветеринарни болници, МВР и сл.).
Воведување евиденција на мачители за поединци кои се санкионирани за мачење животни, со забрана за идно чување домашни животни.
Проширување на листата на забранети отрови и други хемиски препарати, строга контрола на увозот и продажбата на опасни отрови.
Јована Мојсоска природно, искрено, со многу жар ги брани животните и нивните права, затоа што во тоа верува. Поддршка секогаш и за се наша Јована, па да те гледаме во Собрание!
Погледнете го видеото тука.