ЛокалноНастани

Мојсоска: За разлика од останатите партии, Левица има најекстензивна работничка програма

За разлика од останатите партии -каде во највисоките кругови доминираат милионери и претставници на капиталот – #Левица има најекстензивна работничка програма, порача Јована Мојсоска од Левица:

– дуплирање на породилното отсуство (од 9 на 18 месеци);

– платено породилно отсуство на жените-земјоделки од руралните средини;

право на исплата на патни трошоци и трошоци за исхрана за работниците;

– редефинирање на листата на дејности и ризични професии со бенефициран стаж, со вметнување на тешки и трудовоинтензивни дејности (пр. градежни работници);

– зголемување на минималната плата, на 2/3 од утврдената синдикална потрошувачка кошница;

– намалување на максималното времетраење за кое може да се склучи договорот за работа на определено време од пет години на шест месеци;

– воведување на дополнително т.н. татковско отсуство;

– задолжително формирање работнички совети, како рамноправни управни органи, во приватните фирми со повеќе од 20 вработени;

– намалување на процентот на синдикална репрезентативност на ниво на сектор, гранка и работодавач (од 20% на 10%);

– намалување на старосната граница за одење во пензија: возраст од 60 години – за жени и 62 години – за мажи;

– враќање на можноста работникот да се стекне со право на пензија и по основ на платен работен стаж (со најмалку 35 години).