Државната ЕСМ продажба да ја преземе лиценцата од ЕВН Хоум

  • Реакција на Политичката Партија Левица

Денови повторно е актуелна темата за законската обврска – Универзалниот снабдувач со електрична енергија да ја објави цената за потрошувачите, што во суштина ништо нема да смени во однос на формирањето и утврдувањето на цената. Целта на овој спин е да се одвлече вниманието на јавноста од главниот настан, а тоа е ИСТЕКОТ на лиценцата на ЕВН Хоме како универзален снабдувач.

Владата во заминување веќе го подготвува тендерот кој набрзо ќе биде објавен, каде единствен услов за добивање на новата петгодишна лиценца ќе биде понудата на најниска маржа. Во изминативе пет години маржата на ЕВН Хоме беше 11,5%, односно граѓаните пет години плаќаа струја поскапа за 11,5%!

#Левица во неколку наврати АПЕЛИРА државната ЕСМ Продажба да ја преземе улогата на Универзален снабдувач и со тоа државата и граѓаните да заштедат милиони евра, кои се прелеваат кај австриските газди. Ја повикуваме Владата да ја подготви државната ЕСМ Продажба за успешно учество во тендерската постапка за оваа дејност и со тоа ЕСМ Продажба да ја преземе улогата на Универзален снабдувач.

Ја потсетуваме јавноста дека тендерот за оваа дејност – „Универзален снабдувач“ го изготвува Владата, која истовремено треба да ја подготви својата компанија ЕСМ Продажба за успешно учество на сопствениот тендер.

Над 60% од бизнисот со електрична енергија во Македонија го владее австриската ЕВН преку своите фирми ЕВН Хоме и ЕВН Снабдување, а дополнително ја поседува и електродистрибутивната мрежа во државата. Ова не е само МОНОПОЛСКА позиција на ЕВН, туку е и зависност на државата од оваа фирма, што претставува и реална закана за енергетската стабилност на Македонија. Сето ова е резултат на поданичкиот однос на владите на ДПМНЕ, СДС и ДУИ изминативе 18 години, односно од моментот кога австриската ЕВН ја купи електродистрибутивната мрежа.