Мојсоска: Kампањата на Ванковска заврши во Кичево, градот кој Али Ахмети го прогласи за “воен плен”
- Фејсбук статус на Јована Мојсоска, генерален секретар на Левица
И така, симболично, кампањата за проф. Ванковска ја привршуваме во Кичево, градот кој Али Ахмети го прогласи за “воен плен”, а богами, ужасните прилики на напуштени куќи и разурнати објекти на моменти потсеќа на поствоено сценарио.
Кичево е олицетворие на владеењето на чудовиштето ДУИ, кои ДПМНЕ го создаде, а СДС го надгради. Нашата мисија во кампањата #ВанковскаЗаПретседател беше првично, да ги отвориме табу темите за последиците од Рамковниот договор, кој 2 децении ги одржува амнестиратите ДУИ во живот.
За прв пат, македонската јавност имаше прилика да слушне дека ИМА алтернатива, дека ништо не е неповратно изгубено и дека Македонија може и мора да ги врати АСНОМ-ските темели на Републиката. За прв пат, кандидат за претседател го изнесе лицемерието на колективниот Запад спрема малите антифашистички народи.
Нашата борба само што започна. Во среда, македонскиот народ ќе има шанса (и одговорност) да избере дали ќе го избере патот на рушењето на македонизмот во името на безалтернативноста или ќе го препознае ДУХОТ НА НОВОТО ВРЕМЕ!