Омаж на аматерски краткометражни филмови во КИЦ
Вечерва 16.04.2024 (вторник), со почеток од 20 часот во Културно информативен центар – Скопје- Салон 19:19 ќе се одржи проекција на аматерски кракометражни филмови насловена како “Ретроспектива на аматерски кракометражни филмови” на македонските филмски режисери Кирил Максимоски,Марјан Гавриловски, Марјан Михајловски и Александар Лахтов.
На програмата ќе се прикажат следните филмови:
1.60 секунди човечност
-режија: Кирил Максимоски, 2003 година
2.Сам
-режија: Кирил Максимоски, 2006 година
3.Мошне едноставна приказна
-режија: Кирил Максимоски, 2009 година
4.Над Скопје
-режија: Кирил Максимоски, 2010 година
5.Престрашени
-режија:Марјан Михајловски, 2012 година
6.Мрачни времиња
-режија:Александар Лахтов, 2014 година и
7.Кота 404
-режија:Марјан Гавриловски, 2015 годинa