Илинден: Левица спроведе еколошка акција за чистење на бучинско езеро

  • Превземено од Левица – ЛО Илинден

Активисти на ЛО Илинден на Левица денес спроведоа акција за чистење на Бучинското езеро од отпадоци.

За жал ситуацијата со овој илинденски бисер е крајно загрижувачка, нема поставено канти за отпадоци, нема контењери, па голем број на граѓани несовесно го фрлаат сметот на самото крајбрежје.

Локалните власти се должни да обезбедат корпи за фрлање на смет и контејнери и како политичка партија ги повикуваме што побрзо тоа да го сторат.

Левица е народна партија и како таква секогаш ќе се грижи и застапува интересите на сите граѓани, а тоа се разбира го покажува и докажува на терен!