Стоименовска: Со гласовите на ВМРО и ГРОМ кои гласаа ЗА и СДСМ како воздржани се намалува заштитната зона на Водно

  • Фејсбук статус на Ивана Стоименовска, советничка на Левица во Општина Карпош

По завршувањето на седницата на Општина Карпош, советничката на Левица, Ивана Стоименовска излезе со објава на својот профил во кој се вели:

На денешната седница на Општина Карпош со помош на ВМРО и ГРОМ кои гласаа ЗА и СДС – ВОЗДРЖАНИ се изгласа легализација на објект кој се наоѓа надвор од генералниот урбанистички план, а во сама близина на парк шумата на Водно.

Со таквата постапка истата се намалува што е спротивно на потребите на жителите на Општина Карпош за кои парковите и зеленилата се од особена важност.

Зелените политики се приоритет во програмата на Левица Карпош и во таа насока советниците на Левица никогаш нема да подржат политики кои одат на штета на жителите на Општината.

Во контекст на ова Левица отсекогаш предлагала заштитната зона на парк шумата Водно да се зголеми.