Запален билборд на Таравари, од „Вреди“ велат знаеме која партија има насилници во своите редови
Ноќеска беше опожарен билборд на кандидатот за претседател Арбен Таравари, поставен во близина на скопската Зоолошка градина, за што остро реагираа од Коалицијата „Вреди“, од каде велат дека виновниците мора да бидат казнети со закон, затоа што ќе бидат тешко казнети и со гласање.
Билбордот веднаш ќе биде заменет, но тие ќе изгубат, додаваат од „Вреди“, алудирајќи на владејачката албанска партија ДУИ, иако во соопштението не беше наведено името на партијата.
Денеска на полноќ бевме известени дека бил опожарен еден билборд од кандидатот Арбен Таравари на улицата кај Зоолошката градина во Скопје. Би сакале да веруваме дека е несреќа, но билбордот од другата страна воопшто не беше допрен. Се знае која партија има насилници и криминалци во своите редови, се знае која партија ја користи власта за да се збогати и да го плаши народот. Времето на страв заврши. Оние кои палат билборди од гнев дека ги губат изборите, мора да бидат казнети од законот и правдата, но и од меѓународните набљудувачи – соопштија од Коалицијата.