ИР Иран и Куба во заедничка борба против политиката на санкции наметнувана од САД

Во Палатата на револуцијата во Хавана, Кубанскиот претседател Мигел Дијаз-Канеловаа, во недела се состана со иранскиот министер за надворешни работи Хосеин Амир Абдолахиан.

„Задоволство и чест ми е што ве примам на вашата прва посета на Куба. Секогаш ќе бидете добредојдени во нашата земја“, му рече Дијаз-Канел на Амир Абдолахиан и ја истакна неговата подготвеност за зајакнување на билатералните врски.

За време на состанокот со неговиот кубански колега Бруно Родригез Парила, Иранскиот министер за надворешни работи Хосеин Амир-Абдолахиан го критикуваше моделот за воведување економски санкции кон другите држави кој го спроведуваат САД, особено кон земјите од Латинска Америка, – пренесува новинската агенција Тасним.

„Политиката на САД за воведување еднострани санкции врз други земји и нивно малтретирање е осудена на неуспех“, рече Министерот за надворешни работи.

„САД и некои други Западни земји спроведуваат хибридна политика на воведување санкции и мешање во работите на други земји со поттикнување немири во независните земји во светот“, – додаде тој.

Високиот ирански дипломат истакна дека политичките врски со Куба се од „големо значење“ за неговата земја и дека Куба ја сметаат за „пријател, брат и стратешки сојузник“.

Во меѓувреме, Бруно Родригез го повтори ставот на Куба за „солидарност наспроти обидите за дестабилизација и мешање“. Кубанскиот министер за надворешни работи изрази голема благодарност за поддршката на Техеран во борбата на Куба против блокадата наметната од САД.

Куба и Иран одржуваат непрекинати дипломатски односи од 1979 година, а минатата година заедничката Комисија за трговска и економска соработка потпиша 13 договори за зајакнување на развојот на технологијата и безбедноста на храната.