(Видео) Ванковска: Жестоко ќе ја водиме правната битка

  • Професорката Билјана Ванковска, како кандидатка за Претседател на Република Македонија изјави:

Кандидатите за претседател во Државната изборна комисија вчера потпишаа Кодекс за фер и демократски избори.

🗣️ Професорката Билјана Ванковска, како кандидатка за Претседател на Република Македонија изјави:

,,Јас ќе го потпишам овој Кодекс, го сметам ова за протоколарен чин. Меѓутоа во ова парче хартија не верувам. Ова е празно слово на хартија.

❗️Во земја во која не се почитува Устав и закон ние тука убави зборови ќе кажеме дека кампањата ќе биде на високо морално и политичко ниво.

Но, она што се случува на терен е различно, Прво кампањата е почната, кампањата е веќе фаворизирана.

📍Јас поднесов претставка пред Уставниот суд, а денес овластивме адвокат кој ќе покрене судски постапки против ДИК и АВМУ. Се работи за дискриминаторската распределба на она малку време што го имаме за претставување пред граѓаните.

📑 Лично како професор и кандидат ќе ги почитувам стандардите, но правната битка ќе ја водиме жестоко”