Ванковска: Инатот на Ноле е пример за сите деца од Балканот, затоа ми е омилен спортист

Билјана Ванковска открива дека сака и следи спорт, наспроти општото уверување дека жените не следат спортски настани.

Во интервјуто дадено за Македонија денес, таа откри и кој ѝ е најомилениот спортист.

– Кога станува збор за македонскиот спорт на прво место е ракометот. Голем фан сум на Премиер лигата и на Ла лига. Омилен спортист сепак ми е Новак Ѓоковиќ, кој е најголем на сите времиња и умее да покаже не само големина, хуманост туку оној толку потребен инает кога сите се против него. Тој е пример за сите деца на Балканот, вели Ванковска.

Кандидатот на претседателските избори вели дека најубаво се чувствува во манастирот Св. Јован Бигорски, таа открива и дека пандемијата ја спречила да го посети Иран, што останува нејзина најпосакувана дестинација за одмор, во неделите со опушта со класична или џез музика, а не верува дека проблемите би можеле да бидат решени од „златната рипка“ бидејќи таа верува само во акција, но не и во бајки.

Прочитајте го целото интервју на Ванковска дадено за Македонија денес.