Левица: Црвениот бран почнува од Струмица

Црвениот бран почнува од Струмица

Борбата за Македонија ја започнуваме во Струмица, во т.н. „бастион на заевизмот“ со јасна порака:
СДС мора да биде поразен и засекогаш заменет како доминантната партија во левиот политички спектар!
Оттука, ќе одекне повикот на новото време и на враќањето на достоинството на Република Македонија, информираат од Левица.

Свое обраќање во Домот на културата „Антон Панов“ – Струмица ќе имаат:
– кандидатката за претседател на Република Македонија, проф. д-р Билјана Ванковска,
– претседателот на Левица и носител на ИЕ 1, проф. д-р Димитар Апасиев, како и
– носителот на ИЕ 4, Сашко Јанчев.

На ден 4 април 2024 година (четврток) со почеток од 19:30 часот ве каниме заедно да ја отпочнеме достоинствената народна борба!

На крајот, ние ќе победиме.