Ванковска: Мојата формула е едноставна, автентичност и здрав разум

  • Фејсбук статус на Билјана Ванковска, кандидатка за претседател на Република Македонија, поддржана од Левица

Колку што гледам наоколу лицемерие, расфрлање со пари за кампања во една од најсиромашните земји во Европа, таква желба за моќ и отсуство на скрупули и морал, толку ми расте решителноста. Ќе засукам ракави и започнам со битка каква што не сте виделе досега.

Формулата ми е едноставна:

АВТЕНТИЧНОСТ (таа сум што сум, без пренемагање, силење, правење паметна) и

ЗДРАВ РАЗУМ (кажување на она што сите го знаат ама им е страв да го кажат).

Немаме пари, ама имаме срце, храброст и љубов за ова македонско парче земја!

Во борба!