АктуелноЛокалноНастани

Импонзантен мозаик на Личеноски пропаѓа заради негрижата на власта

Еден од најзначајните мозаици „Илинденско востание“ во велешкото село Крушје, изработен од доајенот на македонската ликовна уметност, Лазар Личеноски со години е оставен на забот на времето и пропаѓа. За пропаѓањето на овој мозаик поранешни жители на Крушје со години реагирале и кај властите од СДС и од ДПМНЕ но досега никој не се ангажирал за негова реставрација.

Поранешните жители на Крушје деновиве реагираа со свој допис и до Левица. Велат дека никој ништо нема направено. Освен што пропаѓа мозаикот на Личеноски, украдени се икони од црквата Свети Никола, се откопуваат старите гробишта, а селскиот дом штотуку не се распаднал.

„И никој ништо не превзема. Доаѓаат сите само кога е време за избори и за Илинден да се сликнат“. Не има доста млади кои што сакаме да се вратиме во селото, но, овие работи што треба навистина да се реновираат и припаѓаат на државата. Или, нека кажат ние самите да собереме донации и средства да си го зачуваме селово. Ова е навистина жално“, велат во дописот Крушјани.

Крушје денес е раселено. Но, за време на Илинденското востание и во Втората светска војна било големо и живо село, а неговите жители зеле учество и во востанието и во НОБ. За да се обележи борбеноста и револуционерниот дух, во селото се подигнати споменикот за Илинденското востание изработен во мозаик, дело на доајенот на македонското сликарство – Лазар Личеноски и спомен-плоча на загинатите во НОБ.

Состојбата во која се наоѓа импозантниот мозаик во село Крушје е олицетворение на состојбата на духот и културата во Македонија. Култура која систематски се уништува и се распаѓа со крајна негрижа и резигнираност, овојпат од заслепена тиранија и башибозук на вазалите од македонската власт.