Левица: Импозантен мозаик на Личеноски пропаѓа заради негрижата на власта

  • Реакција на Левица – сектор култура

Еден од најзначајните мозаици „Илинденско востание“ во велешкото село Крушје, изработен од доајенот на македонската ликовна уметност, Лазар Личеноски со години е оставен на забот на времето и пропаѓа. За пропаѓањето на овој мозаик поранешни жители на Крушје со години реагирале и кај властите од СДС и од ДПМНЕ но досега никој не се ангажирал за негова реставрација.

🚫 Поранешните жители на Крушје деновиве реагираа со свој допис и до Левица. Велат дека никој ништо нема направено. Освен што пропаѓа мозаикот на Личеноски, украдени се икони од црквата Свети Никола, се откопуваат старите гробишта, а селскиот дом штотуку не се распаднал.

⛔️ „И никој ништо не превзема. Доаѓаат сите само кога е време за избори и за Илинден да се сликнат“. Не има доста млади кои што сакаме да се вратиме во селото, но, овие работи што треба навистина да се реновираат и припаѓаат на државата. Или, нека кажат ние самите да собереме донации и средства да си го зачуваме селово. Ова е навистина жално“, велат во дописот Крушјани.

📍 Крушје денес е раселено. Но, за време на Илинденското востание и во Втората светска војна било големо и живо село, а неговите жители зеле учество и во востанието и во НОБ. За да се обележи борбеноста и револуционерниот дух, во селото се подигнати споменикот за Илинденското востание изработен во мозаик, дело на доајенот на македонското сликарство – Лазар Личеноски и спомен-плоча на загинатите во НОБ.

🛑 Состојбата во која се наоѓа импозантниот мозаик во село Крушје е олицетворение на состојбата на духот и културата во Македонија. Култура која систематски се уништува и се распаѓа со крајна негрижа и резигнираност, овојпат од заслепена тиранија и башибозук на вазалите од македонската власт.