Крмов: Притисокот не смее да попушти, тераме принципиелно до крај

Статус на Борислав Крмов, пратеник и член на Президиумот на Левица


Без притисокот од кампањата која како Левица веќе три недели ја водиме за делигитимација на пописот, бидете сигурни, оваа средба и „компромис“ немаше да се случат.

Иако навидум мала партија со само 2 пратеника, Левица со поддршката од народот позади неа, демонстрира сила за десетина. Не само во Собранието, туку и надвор од него. И народната поддршка секојдневно расте.

Без разлика на одложувањето, нашето барање за НОВ ЗАКОН И НОВА МЕТОДОЛОГИЈА по светски и европски стандарди останува. Притисокот не смее да попушти! Тераме принципиелно до крај!

#НеОтворамВрата

#БорбатаПродолжува

#ТерамеДоКрај