Ванковска: Од промената на часовникот може да сфатиме дека на властите не им е грижа за нас

Еден од најдобрите и најпластичните примери од кои можеме да сфатиме дека на властите не им е грижа за нас и нашето психофизичко здравје е токму зимското/летното “сметање” на времето! Навидум промената е мала, само еден час, ама ефектите ги чувствуваме, вели Билјана Ванковска.

-Секои 6 месеци читаме студии за неповолните, па и штетни ефекти врз човечкиот организам и безначајната заштеда на енергија, ама тие упорно си тераат по свое. Пардон, по умот на ЕУ. Чекаат Брисел да донесе регулатива, па и тие ќе постапат како што ќе кажат некои евробирократи, вели кандидатката за претседателската функција.

И да е само поместувањето на часовникот, додава таа.