Новковска: Големите грешки на официјалната статистика се јавија, навистина се јавија

Пишува Благица Новковска, поранешна директорка на Државниот завод за статистика.

„Најзаслужната екипа од 2002 се јави, навистина се јави: со закани, кобајаги стручни објаснувања и т.н. Ќе ги пресметале тие што не се попишале како статистичка грешка?!

Прво, претпоставувам непопишаните се многу, многу повеќе од тоа;

Второ, не знаете да пресметате статистичка грешка зашто не сте учеле за тоа, а тие што знаат да ја пресметаат немаат од што да ја пресметаат;

Трето, пополнувате и ќе пополнувате со податоци од бази??? Со кои бази? – Во земја за која деновиве е објавено дека има 40 % сива економија. Да ми кажете во која база ги имате податоците, кој и каде е вклучен на сиво?

,,Големите експерти“ што молчат за тоа што ни се случува, знаат ли кој крш од податоци веќе е инпутиран во попишаното? И после ќе планирале, проектирале, стратегии за развој ќе правеле со овие податоци. Жално но вистинито ,,големите експерти“ молчат. Навистина се замолкнати!

Тие што се закануваат на народот се всушност статистичката грешка на официјалната статистика, зашто им е овозможено да ја разнебитат независноста на статистичкиот систем, да го урнисаат тоа што генерации статистичари го граделе.“