АктуелноЛокалноНастани

Јанчев: Рудник на смртта над Иловица и Штука нема да има

  • Обраќање на Сашко Јанчев, носител на листата за пратеници на #Левица во ИЕ 4:

“Ви се обраќам од атерот на село Иловица, од иловичката брана, над кои демнее опасност од отварање на рудникот на смртта. Левица останува на досегашните позици за овој рудник и дека нашата цел е најитно затворање на ова прашање, како и во најкус можен рок заштитување на струмичката котлина и јужна долина – за на ова земјоделско поднебје никогаш да не никне Г1 загадувач.

Приказната за меѓународна арбитража и оштета е најобична лага, бидејќи не постои правен основ за такво нешто. Јавно ги предупредуваме политичките чинители дека ако поради оваа лага предизборно го решат случајот во корист на инвеститорите, ќе бидат гонети и ќе одговараат.”