Нем леб, ама трета недела нема ниту инсулин за дијабетичарите

Речиси три недели нема некои видови инсулин кои ги користат повеќето пациенти со ваква дијагноза. Над 45.000 дијабетичари се со оваа терапија во земјава, тие не ни знаат кога ќе добијат. Постојано звонат по аптеките и институциите. Лекот го нема! Претпоставка е дека станува збор за пропуст помеѓу реализација на два тендери. Слабата организација на надлежните и Министерството веројатно се главни виновници за тоа што повторно пациентите се оставени на цедило.

Сојузот на здруженија на дијабетичари на Македонија, на нивната фејсбук страна објавил: „Ве известуваме дека за инсулините кои недостасуваа, од 03 март 2023 година (петок) отпочнува со нивна дистрибуција од Скопје до секоја инсулинска аптека! Нашите очекувања, се најдоцна до вторник 07.03.2023 година да бидат целосно дистрибуирани“.

Пациентите кои го користат овој лек велат дека не е првпат да им се вети дека лекот ќе биде доставен за одредено време, а потоа истиот да го нема во аптеките. Во Македонија има вкупно над 120.000 дијабетиари.