Општина Центар најави казна, а склучи Анекс со фирмата која ги асфалтираше шахтите на Козара

Општина Центар склучи анекс договор вреден 22.000 евра на основниот договор од 130.000 евра со фирмата „Гама градба“ за реконструкција на скопската улицата Козара во населбата Капиштец.

Оваа фирма пред неколку месеци фирмата изведувач при поставување на првиот слој ги асфалтираше и шахтите, сега има грешки во изведбата на вториот слој. По реакцијата на граѓаните, работниците тогаш го откорнаа асфалтот, но го фрлија во шахтите со што ги затрупаа. Мораше да интервенира Општината за да се реши проблемот.

Од Општината беше најавена казна за изведувачите поради несоодветно завршување на градежните работи, но наместо тоа, на 9 февруари е склучен Анекс вреден 22.000 евра. Претходно Опиштината со истата фирма склучи договор и за реконструкција на неколку улици, вреден 670.000 евра.