Левица и во Малешевијата – отворена канцеларија во Берово
Претседателот на Левица, проф. Димитар Апасиев, свечено ја отвори канцеларијата на Левица во Берово.
На настанот, покрај големиот број граѓани, присуствуваа: носителот на Изборната единица 3 – пратеникот Борислав Крмов, потпретседателот на Левица – Реџеп Исмаил – Хактан, како и членот на Президиум, другарот Александар Симонов и проф. Билјана Ванковска, кандидат за претседател на Македонија.
,,Треба да сте горди со фактот што сте дел од нешто, од еден револт насобиран 30 години што своја артикулација наоѓа преку Левица, за заедно да учествуваме во градењето на општеството, а не да бидеме само неми посматрачи на она што ни го прават триото сдс-дпмне-дуи!”, истакна Крмов.
,,Почнавме од нула, за сега да сме трета политичка сила во Македонија. Не е лесно, но ние умешно се справуваме со сите предизвици кои ни застануваат на патот. Нема да кукаме, бидејќи кукањето е контрареволуционерно и затоа ќе се бориме до конечна победа”, рече Апасиев.
,,Убаво е чувството кога чекорам заедно со Левица. Чекориме со крената глава и чиста совест, бидејќи никаква штета не сме ù нанеле на оваа држава. Напротив, се бориме да дадеме придонес во градење и исправување на неправдите што ù се нанесени на Македонија во последните 30 години”, додаде проф. Ванковска, кандидат за претседател на Република Македонија.
Истокот црвенее!
Народот е на наша страна.
Ние сме на страната на народот.
ИЕ3 во борба до победа!