Ванковска: Си бевме ние и пред тоа држава, за 136 земји ние бевме Република Македонија

Си бевме ние и пред тоа држава. Ние изгледа толку заборавивме дека пред 2018 година, исто бевме држава. За светотот бевме ФИРОМ? Не, не напротив, за светот, за 136 земји ние бевме Република Македонија, одевме со пасош на кој тоа го пишуваше, посочи Билјана Ванковска во неодамнешното гостување во поткасотот на Лазаров.

– Дома, личните карти ни беа и сите документи се ни беше Македонија. Тоа беше само за во меѓународни организации, така што ФИРОМ никогаш не било име, посочи Ванковска.