АктуелноЛокалноНастани

Управниот суд поништи три одлуки на Владата

Управниот суд донесе пресуди со кои поништи три незаконски одлуки на Владата, објави техничкиот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски.

„Станува збор за две решенија за формирање на комисии за распоредување и една телеграма за спроведување на интерен оглас за пополнување на слободни работни места во МВР кои беа незаконски поништени од страна на Владата. Имено, Управниот суд оцени дека тужениот орган при донесување на оспорените одлуки сторил повреда на правилата на постапката, предвидени со член 48 од Законот за Влада, од причина што во ситуација на несогласување помеѓу министерот и дополнителниот заменик во Министерството за внатрешни работи кое произлегува од доставените известувања на дополнителниот заменик на министерот во врска со тоа дали предметните акти кои се донесени од министерот претставуваат правно, финансиски и кадровско прашање кое се однесува на организација на изборите, Владата се впуштила во оценување на законитоста иако била должна да ги упати страните ова спорно прашање да го решаваат пред Државната изборна комисија која е должна во рок од 24 часа да донесе одлука и истата да ја проследи до Министерството“, напиша Тошковски.

Според судот, ДИК е единствено надлежен орган да утврди дали актот спаѓа во групата на акти кои се одобруваат од дополнителниот заменик во МВР.