Повик за бунт против империјализмот и капитализмот на Генералното собрание на ООН

На Генералното собрание на Организацијата на Обединетите нации, сандинистичката Влада на Никарагва повика на глобален бунт против „империјалистичкиот и капиталистички систем“ заради кои „светот е закрваен“, осудувајќи ги незаконските санкции и војната, тие побараа нов светски мултиполарен поредок.

Сандинистичката влада на Никарагва ја искористи својата платформа на Генералното собрание на Обединетите нации за да повика на глобален бунт против „империјалистичкиот и капиталистички систем“ заради кој „светот е закрваен“.

„Време е да му кажеме доста на лицемерниот империјализам кој ги политизира, фалсификува и оцрнува човековите права, коишто тие самите ги кршат и негираат секој ден“, изјави министерот за надворешни работи на Никарагва, Денис Монкада.

За Монкада империјализмот не е во согласност со меѓународното право!

„Империјализмот и неговите принудни дејства се против животот, во сите сфери, и поради тоа се спротивни на меѓународното право“, – додаде тој.

Во својот говор на Генералното Собрание од 26 септември, Монкада кажа дека поправеден свет веќе се гради, а ние сме должни истиот да го поддржиме.

„Подобар, праведен, мултиполарен свет веќе се гради, а ние сме тука да продолжиме да го градиме и браниме. Време е да се каже доста, да се побуниме и да продолжиме да се бунтуваме против вроденото зло на капитализмот, кој го задушува мнозинството и брутално збогатува неколкумина“.

Министерот за надворешни работи односот на големите сили и нивните владетели ги нарече ѕверови со варварски инстинкт.

„Време е да се надмине егоизмот кој убива милиони човечки суштества во светот подложни на суровост, глад и екстремната сиромаштија, од варварските инстинкти на ѕверовите на големите сили, кои се обидуваат да продолжат да владеат и да го овековечат нивното владеење на сметка на глад, недостаток на здравствени услуги, уништување на климата, незнаење, војни“.

Монкада смета дека е неопходно да се прекине политиката на водење санкции, заради тоа што поради истата, најмногу трпат сиромашните луѓе.

„Време е да продолжиме да ги отфрламе криминалните блокади, агресиите на таканаречените санкции, кои се незаконски, произволни, и неморални. Тие јасно ја покажуваат изопаченоста на империјалистичкиот и капиталистичкиот модел и систем, кои продолжуваат да го казнуваат овој закрвавен свет, додека организациите кои треба да го бранат само гледаат и не прават ништо“.

На крајот од излагањето во Генералното собрание на ООН, Министерот додаде дека државите во односите на меѓународната сцена траба да бидат суверени и еднакви.

„Време е да се направи важен принципот на суверената еднаквост на државите во сите меѓународни организации и форуми, за мултиполарен и неврзан свет по кој толку копнеевме да биде реалност, да може да се зајакне, да расте и да не’ вклучи сите нас.

Време е да се изгради свет на дијалогот и мирот, на правдата и солидарноста, на братството и добрата волја“.