Митот за западниот хуманизам умре во Газа

„Нема ,добро утра’ во Газа: стотици камиони и тешка машинерија влегува слободно од граничниот премин Рафа и од урнатините на палестинските домови и заедно со затрупаните тела на цивилните жртви, го градат американското пристаниште! Поголема дехуманизација на Палестинците или на кое било човечко суштество, не е забележана во историјата, вели Билјана Ванковска.

Генералниот секретар на ОН очајнички повикува да запре западното лицемерие и различниот третман на Украинците и Палестинците. Во ветер, додава кандидатката на претседателските избори.

– Никогаш да не се заборави, никогаш да не им се прости! знаат што прават!

Ако овие неколку месеци покажаа нешто – тоа е крајот на митот за западниот хуманизам и цивилизација. Човечноста умре во Газа.

А вие зборувајте ми за нашите ,стратешки сојузници’! Ние сме нивни стратешки соучесници во геноцид!”, пишува проф. Ванковска во својата објава.