АктуелноЛокалноНастани

Со европско знаменце беше амнестиран функционерскиот криминал

На 6-ти септември 2023 година владејачкото мнозинство на СДС и ДУИ, со кворум од пратениците на ДПМНЕ, го амнестираа криминалот на своите политичари и функционери преку драстично намалување на казните за наместени тендери, злоупотреба на овластувањата и за злосторничко здружување, се вели во соопштението испратено од Левица.

Од партијата потсетуваат на измените во кривичниот законик, со кој практично беа амнестирани поголем број на кривични дела сторени од поранешни и актуелни функционери во Македонија.