Беше еден од ретките умови

Палмиро Тољати е еден од основачите на Комунистичката партија на Италија во 1918 година. Роден е во Џенова на 26 март 1893 година. Пред Првата светска војна тој бил член на Социјалистичката партија на Италија, а учествувал и како доброволец во војната. По војната тој соработува со Антонио Грамши. Откако фашистите го затвориле Грамши тој станува нов секретар на КПИ. 

Под раководство на Тољати, КПИ во 50-те години на минатиот век станува една од највлијателните политички партии во Италија, но и покрај тоа, на изборите во 1963 година освојува 25,2% од гласовите што беше недоволно за преземање на власта во оваа земја.

Палмиро Тољати умира на 71 годишна возраст на Јалта, на 21 август 1964 година. Во негова чест рускиот град Ставропол на Волга го менува името во Тољати.

Во своите автобиографски кажувања, Јосип Броз Тито посветува значајно внимание на Тољати. Неговото кажување следи во продолжение.


Доста долго носам впечатлива слика за Тољати како за една исклучителна личност во меѓународното работничко движење. Најпрвин го запознав преку статиите што ги пишуваше во ,,Импрекор’’, тогашен орган на Коминтерната. Забележав дека подобро, поубедливо, посвежо ги стилизира и ги изразува своите мисли од другите кои пишуваа таму.

Воопшто, тој беше еден од ретките умови и во Коминтерната силно се чувствуваше неговото присуство. Три најинтересни и најсилни личности кои работеа во Коминтерната покследната деценија – две беа Димитров, Ерколи (Тољати) и Пик. Сите тројца добро ги познавав и ги ценев. Бев пријател со нив.

Тољати го сретнав првпат во Москва за време на Седмиот конгрес на Коминтерната во јули-август 1935 година. На дневен ред на тој конгрес, како што е познато, беше обидот за обединување на сите прогресивни сили за отпор против фашизмот. Тоа значење какво-такво отворање на меѓународното комунистичко движење.

Настојував лично да се сретнам со Тољати по конгресот. Таква можност се укажа на приемот кога заврши когресот. Бев љубопитен и сакав да разговарам со него.Сеќавајќи се на таа прва средба, можам само да повторам дека тој навистина беше редок ум. На се’ гледаше некако необично, испитувачки. Дури и мене така ме гледаше додека разговарав со него седејќи на столот отспротива. Зборуваше со извесна доза на воздржаност, но и со една блага иронија.

Всушност, подоцна сфатив дека тогаш околу нас беа многу агенти кои го следеа секого, па дека таа негова воздржаност беше мотивирана од тоа.

Сепак, и од неговите текстови, и од разговорот, се гледаше дека на се’ гледаше покритички, покажуваше извесна резерва кон некои несакани појави во меѓународното комунистичко движење во тоа време, па и во самиот Советски Сојуз, за разлика од некои што мислеа дека сето она што се работи е во најдобар ред.


Тољати и италијанските комунисти преку долгата и плодна традиција, од Грамши до денес, внесоа доста оригинални и смели идеи во својата револуционерна акција и во искуствата на меѓународното комунистичко движење. Несомнено, Тољати е една од најзначајните и најблескавите личности на силното и влијателно комунистичко движење како што е италијанското, можеби и најзначајна по Грамши.