ТикТок: Зошто Кина нема да попушти пред притисоците на САД?

Во јули годинава започна агресивна кампања на Трамп против кинеската апликација ТикТок, со закани дека истата ќе биде забранета на територијата на САД. Агресивниот пристап беше оправдан со тврдењето дека популарната видео апликација претставува “закана за американската национална безбедност”.

Меѓутоа ова не може да се сфати сериозно, бидејќи ТикТок е платформа користена од страна на претежно млади луѓе за објавување на забавни видеа. Јасно е дека вистинската причина е геополитичка: за САД е неприфатливо кинеска фирма да поседува апликација која е популарна на глобално ниво, бидејќи претставува закана за нивните монополи во Силициумската Долина во Калифорнија. Затоа, одговорот на САД на секоја кинеска иницијатива која ги предизвикува или ги надминува нивните способностите, е да се обиде да ја уништи со сила. 

Во САД има 80 милиони корисници на ТикТок, што значи дека целосната забрана на апликацијата би можела да биде политички штетна за Трамп. Затоа, тој постави ултиматум апликацијата да биде продадена на американска фирма; во спротивно ќе биде забранета нејзината употреба на територијата на САД. 

Изминатиот викенд се одвиваа преговори помеѓу кинеската фирма Бајтденс (сопственик на апликација ТикТок) и американските фирми Оракл и Валмарт.  Најпрвин во неделата беше објавено дека договор бил постигнат со кој двата инвеститори ќе имаат заедничко поседништво од 20% во нова компанија со име ТикТок Глобал. Меѓутоа, во понеделникот Трамп изјави дека ништо помалку од целосна контрола на американските компанија врз ТикТок нема да биде прифатливо.  

За Кина ваквите агресивни чекори од страна на САД претставуваат обид за понижување, што кинескиот народ го потсетува на период од нивната историја од 1830 до 1950тите кој е познат како “векот на понижување”. Тогаш земјата беше потчинета, како и политички и економски експлоатирана од страна на западните сили и беше принудена да прифати Договори на нејзина штета, особено со Британија, Франција, Германија и Јапонија. Оваа ера започна со Опиумските војни наметната од страна на Британската империја за да ја присили Кина да ги отвори своите пазари за опиум. Како резултат на војната Британија го анектираше и Хонг Хонг од Кина. 

Сеќавањето на “Векот на понижување” има големо влијание врз тоа како народот и властите во Кина ги гледаат нивните односи со остатокот од светот, особено со Западот.  За Пекинг, обидот на администрацијата на Трамп насилно да се конфронтира со Кина на фронтови како технологијата и трговијата, се горко потсетување на старите лоши времиња. Од друга страна пак, Западните сили веруваат дека Кина треба да продолжи да прифаќа нееднакви услови кои се наметнати од страна на Западот. Но, сега 2020, а не 1920 година. Кина повеќе не дозволува да биде третирана на таков начин. Затоа е поверојатно Пекинг да дозволи ТикТок да биде забрането во САД, наместо да им биде присилно украдено. 

Автор: Том Фауди