АктуелноЛокалноНастани

Лани се затворени 4.330 фирми и некој тоа се обидува да го претстави како добра вест

Зaтворени се 4.330 фирми во 2023 година, во 2021 – 6.993, а во 2022 – 6.857 фирми. И мислат дека се подобрува ситуацијата во однос на минатогодишниот темен биланс, вели Јулијана Штрковска-Колариќ од Левица.

Таа ја коментираше веста дека минатата година „подзапрело затворањето на фирми во Македонија“.

– Ова ми доаѓа слично со иселувањето на младите. За некоја деценија веќе нема да се иселуваат, затоа што нема да има млади во Македонија, ако останат на власт корумпирани политичари. А додека има млади, има и надеж за Македонија!