Започна забраната за увоз на руска нафта во ЕУ, но со неколку исклучоци

Ембаргото на ЕУ за увоз на руска нафта беше договорено во јуни како дел од пакетот санкции против Русија поради нејзината воена интервенција на Украина, но истото на сила ќе стапи дури денес.

Според официјалното соопштение ограничувањето на цената на руската нафта од 60 долари за барел договорено од ЕУ, Г7 и Австралија, како и забраната за увоз на руска нафта во ЕУ, но со неколку исклучоци.

Одлуката за ограничување на цената на руската нафта на 60 долари за барел значи дека таа ќе може да се продава на трети земји користејќи танкери на земјите од Г7 и од ЕУ и да се користат нивните осигурителни компании и кредитни институции, само ако нафтата се продава по цена под 60 долари.

Бидејќи клучните светски транспортни и осигурителни компании се лоцирани во земјите на Г7, ограничувањето на цената може да и отежне на Москва да продава нафта за повисока цена, проценува Ројтерс.

Но, Москва рече дека нема да ја почитува одлуката, дури и ако треба да го намали производството.

Александар Новак, потпретседателот на руската влада задолжен за енергетика, рече „работиме на механизми за забрана на употребата на инструментот за ограничување на цените, без оглед на нивото на кое е поставено, бидејќи таквото мешање може дополнително да го дестабилизира пазарот“.

Русија не прифаќа ограничување на цената на нафтата.

Исклучоците се однесуваат на Унгарија, Словачка и Чешка, три земји-членки на ЕУ кои се особено зависни од руската нафта поради нивната географска локација и неможноста да го заменат овој увоз за кратко време.