ЦК на Левица: Консолидирани за изборите помеѓу народот против елитата
- Соопштение на политичката партија Левица
Денес, на 10-ти март во Скопје беше одржана XXV-та сесија на Централниот Комитет на #Левица. На сесијата беше потврдено акционото единство на членството и консолидираноста на партиската структура за избори, во кои влегуваме решително.
Членовите на раководството и на ЦК констатираа дека ниту сега, ниту во иднина ќе отстапуваме од курсот на борбата против политичката и бизнис елитата, независно од пречките кои го штитат системот – не дозволувајќи промена во корист на обичниот народ. Затоа, сестраната борба против нормите на расипаниот економски и политички систем мора да биде севкупна и немилосрдна.
Во предвечерието на изборната сезона, Левица ја препознава својата историска задача, како за потребата од промена во левиот политички простор, така и за демонстрација на државнички капацитет кој ќе ги поткрепи позициите на Републиката на меѓународен план, и нејзината благосостојба одвнатре.
Работничката класа во Република Македонија, доаѓа по своето.