Претсмртното писмо на Лазо Ангеловски, пишувано еден ден пред да биде погубен

Претсмртното писмо на Лазо Ангеловски, еден ден пред да биде погубен, до неговиот чичко Атанас:

“Незаборавен чичко Атанас!

Со тебе сме делеле добро и зло. Не знам дали научи за нашето нештастие. Фатен сум од страна на грчките монархофашисти. Во затвор cyм, во темница, во Лерин. Нема ништо до мене, сал тиранин стражар на врата стои и мене ме чува, со мене не зборува. Распарчен cyм во устата со куршум. Левата рака ме боли, сум тепан со кундак. Чичко, знам дека веднаш ќе се лутиш ти на мене и ќе плачеш за мене…Знам, највеќе ќе се лутиш за тоа што не те послушав тебе, ама се е свршено, судбината таква била.

3наj, зборовите твои ме душат ама ceгa се е nразно. Јас немам поблизок од тебе. Јас, памтам, како заедно живеевме и зборувавме по цели ноќи. Затоа прости за секогаш. Знам, што те кладов во големо нештастие…Се, оставам на тебе. Ако го земаш ова пиcмo па ти извести ги моите роднини : татко, мајка и другите мои. Јас и порано ти пишав за се, оставам топли засекогаш поздрави до сите мои, мајка и сестри. Не, сакам да речам Вие сите заради мене ќе плачете, зошто – кога си ти… Чичко, ако го земаш писмото бездруго знај за последното ова: оставам мајка, татко и сестри две на тебе. Засекогаш ти да ги гледаш. Јас нема друго што да ти пишувам. Ти знаеш, затоа што ти мене ме советуваше. Затоа, од тебе сум крајно благодарен. Секогаш очекувам да умрам…Мачен сум по казна, тепан, да не ти пишувам, ме тераат да зборувам за движењето, против ДАГ па потоа да бидам ослободен. Јас избрав смрт, не, нема да зборувам по никоја цена. Ранет сум, во уста, секој ден пред мене водат наши другари на стрелање. Тие збогум од сите нас земаат.

Едни ги бесат, други ги стрелаат… Вратата се отвора, до мене таков глас се слуша: пискања и врескања, па и јас на исто чекам, што друго да чекам? Сите викаат, плачат, збогум земаат од мила мајка Македонија. “Збогум мои другари, јас немам никој на овој свет”, пак се слуша. Сакам некогаш caм да заплачам затоа ти пишувам при памет и една рака, а овој што шепоти шпион ќе не прати осудени до крај. Драги чичко, ако дојде време Лерин да го ослободите, дојди и ти донеси ја мајка ми и сестри ми па побарај ја мојата гробница, за да сронат солзи крвави за моите коски да се накиснат и мене да ме разбудат. Писмото го пишувам по ноќи и денови, во секое време проверки вршат тирани грчки, корофилаци клети. Baкa било и живот за мене не чекај. Сам на таква одлука се одлучив. Денес на говорницата ќе ме изведат да говорам пpoтив организацијата и партизаните на Маркос. Да, смрт ме чека. Но секако кој овде влезе сал мртов излегува. Па затоа јас не се откажувам. Речено ми е пред другите затвореници говор утре да одржам или смрт да изберам. Некои мене ме охрабруваат, други пак ме кандисуваат да зборувам, ами против кого да зборувам? Јас немам поблизок и свој да ме разбере поарно од тебе. Затоа јас пред крај, тебе ти го пишувам писмото. Да знаеш, јас не се покорив, јас ја избрав смртта. Така, знај дека деновите се проодливи, мене смрт ме чека. Мене, не ме страши смртта, не, ништо нема да зборувам. Нека знае целиот свет, мајка, татко, и двете сестри… За последен пат, збогум најпрво со тебе и со моите најблиски земам.

Поздрав на секој носи, за последен пат од твојот внук Лазо.

Смрт на ф… Лерин 18.08.1948 г.”

Од Лазо (следува потпис) ДО: Атанас Ангеловски ЈНА. Демир Хисар – Битолско